Германската полиција уапси 11 осомничени за планирање терористички напад

Од:

Германската полиција соопшти дека уапсила 11 лица на воздраст од 22 до 35 години во западниот дел на земјата, под сомнение дека планирале терористички напад.

Најмалку шестмина од нив се осомничени за планирање на “заканувачки чин на насилство врз државата” и за поврзување со групата ИС, се вели во извештајот.

Новинската агенција ДПА објави дека осомничените биле приведени во петокот и саботата во градовите Есен, Диселдорф, Вупертал, Моенхенгладбах, Дуизбург и Улм цитирајќи го портпаролот на обвинителството.

Обвинителите сè уште не се сигурни дали ќе бидат изведени кривични предмети против сите притворени.

Официјални лица изјавија дека еден од осомничените бил од Таџикистан, но не обезбедилe информации за националноста на другите.

Нема конкретни цели или акти на терор, објави ДПА, цитирајќи ги локалните обвинители.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија