Германската полиција добила фајлови со податоци на членови на Исламска држава

Од:

Германската федерална криминална полиција соопшти дека добила фајлови со податоци на членови на екстремистичката група Исламска држава (ИД) и смета дека тие се автентични, пренесуваат американските медиуми.

Овие податоци се објавени откако британската телевизија „Скај њуз“ соопшти дека на границата меѓу Турција и Сирија добила 22.000 фајлoви на ИД, кои ги содржат вистинските имиња на џихадистите од групата, информации од каде се, телефонски броеви, па дури и имиња на луѓе кои се финансирале од неа или најмувале борци.

Од телевизијата соопштија дека фајловите ги добиле на УСБ, украден од шефот на полицијата за внатрешна безбедност на ИД, што им била предадена од разочаран поранешен член на џихадистичката група.

Германскиот весник „Зидојче цајтунг“ соопшти дека и тој се здобил со „десетици“ вакви фајлови на турско-сириската граница, каде фајловите и видео снимки на Исламска држава можат лесно да се добијат од курдските борци кои се борат против ИД, како и од членови на самата група.

Портпаролката на германската федерална криминална полиција, изјави дека во моментов службата врши проценка на фајловите. Таа одби да прецизира од каде полицијата ги добила фајловите, за колку документи станува збор и од кога располага со нив.

„Скај њуз“ посочи дека документите претставуваат збир од формулари, пополнети од борците при нивното најмување во редовите на ИД. Во формуларите има 23 прашања. Тие соддржат податоци за лица од најмалку 51 земји.

Германскиот министер за внатрешни работи, Томас де Мезиер, за ДПА изјави дека добиениот материјал на властите ќе им даде можност полесно да ги идентификуваат и да ги изведат пред суд луѓето кои биле и се уште се за ИД.

Добиената информација може, исто така, на властите да им помогне да ги пречекат мрежите за најмување борци во Европа и на други места.

Би можело да ве интересира

Мистерија во Германија: Морничава сцена на игралиште, пронајден крвав фустан на девојче

Предраг Петровиќ

Тројца мажи и жена мачеле девојката со часови, ја врзале и ја фрлиле во река во Долна Саксонија

Горан Наумовски

Синот го запалил татко му додека спиел, па се забарикадирал во станот во Хамбург

Српски државјанин крвнички убиен од својот цимер додека бил на привремена работа во Бремен

Голема рација во Германија: Запленет кокаин вреден милијарди евра

Германската влада крие информации за оружје и воени злосторства во Газа