Германската морнарица спасила 10.000 бегалци

Од:

Германската морнарица соопшти дека оваа година спасила над 10.000 бегалци, од кои 500 во петокот на Средоземното Море кај либискиот брег.

– Бродовите на германската морнарица спасиле 10.528 бегалци од 7 мај 2015, кога почна германската спасувачка операција, се наведува во соопштението.

Над 500 бегалци се спасени во петокот кај либискиот брег, додаде германската морнарица.

Според податоците на Меѓународната организација (ИОМ), околу 970.000 бегалци дошле во Европа преку Средоземното Море од почетокот на годината.

Речиси 3.700 бегалци настрадале или исчезнале во текот на патувањата.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто