Германската морнарица по грешка ќе собореше американски дрон во Црвено Море

Од:

Германската поморска фрегата испратена да го заштити комерцијални бродови во Црвеното Море речиси собори американско беспилотно летало, објавија германските медиуми.

Германското Министерство за одбрана потврди дека во понеделникот имало инцидент со дрон во кој учествувала сојузничка земја, без да ја именува земјата, пренесува Дојче веле.

Министерот за одбрана Борис Писториус рече дека фрегатата Хесен, која пристигна во регионот викендов како дел од мисијата на ЕУ за да помогне во обезбедувањето на меѓународните бродови од нападите на јеменските Хути поддржани од Иран, отвори оган откако напорите да се идентификува неидентификуваниот дрон беа неуспешни.

„Случајот беше решен кога се покажа дека не се работи за непријателско беспилотно летало, што стана јасно дури подоцна“, изјави портпаролот на германското Министерство за одбрана, Михаел Стемпфле.

„Два проектила испукани кон дронот ја промашиле целта и паднале во морето поради техничка неисправност. Станува збор за американски извидувачки дрон Reaper“, пишува Spiegel.

Без да ги наведе своите извори, Шпигел шпекулираше дека дронот можеби бил во областа „како дел од американска антитерористичка мисија“ која не е поврзана со мисијата на Црвеното Море. Но, Шпигел вели дека воените претставници веруваат дека пријателскиот инцидент покажал дека координацијата меѓу сојузниците вклучени во различните мисии во регионот околу Јемен треба да се подобри.

Весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ додава дека „општо е познато дека во регионот се користат американски борбени беспилотни летала, кои немаат никаква врска со операцијата во Црвеното Море“.

Бродот Хесен, кој има екипаж од 240 германски војници и морнари, вчера успешно собори два беспилотни летала на јеменските Хути на 15 минути еден од друг. Германската фрегата пристигна во Црвеното Море во текот на викендот, откако Бундестагот го одобри учеството во мисијата минатиот петок.

„Се покажа дека е коректно фрегатата да се испрати на почетокот на февруари за да може да ги започне своите операции“, изјави вчера германскиот министер за одбрана.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија