Германската министерка за одбрана во самоизолација поради контакт со заразен од коронавирус

Од:

Германската министерка за одбрана, Анегрет Крамп-Каренбауер е во самоизолација откако дозна дека била во контакт со лице кое имало позитивен тест, соопшти денеска Министерство за одбрана на Германија.

Во соопштението се додава дека тестот на Крамп-Каренбауер бил негативен.

Мерката која предвидува четиринеделно делумно затворање на земјата започна денес, а се со цел да се забави ширењето на вирусот.

Ресторани, кафулиња, кина и други објекти за забава нема да бидат отворени до крајот на месецот.

За разлика од блокадата што беше на сила минатата пролет, овојпат училиштата, градинките, продавниците и фризерските салони остануваат отворени.

Официјални лица велат дека е неопходна поблага форма на карантин поради зголемување на бројот на случаи на инфекција.

Би можело да ве интересира

Мерц: Сакам коалиција со СПД, ќе почнеме преговори во следните неколку дена

Горан Наумовски

ВИДЕО: Победникот на изборите во Германија најавува тектонска промена во односите меѓу Европа и Америка

Ден по историските избори во Германија, ЦДУ може да формира влада со СПД

Катерина Ѓуровски

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он