Германска Влада: Путин рече дека Европа може да продолжи да плаќа за гас во евра

Од:

Германската Влада денеска соопшти дека Русија гарантира дека Европа нема да мора да плаќа за испораките на руски гас во рубљи.

Кабинетот на германскиот канцелар Олаф Шолц објави соопштение во кое се вели дека рускиот претседател Владимир Путин и му рекол на германскиот канцелар дека европските компании можат да продолжат да плаќаат за гас во евра.

Во телефонскиот разговор со Шолц, Путин рекол дека парите може да се уплатат во Газпром банката, а потоа ќе се префрлат во рубљи во Русија. Газпром банката во моментов не е под санкции.

– Шолц не се согласи веднаш со овој предлог за време на разговорите, туку побара тој да биде претставен во писмена форма за да може подобро да ја сфати процедурата, се вели во соопштението, јави Дојче Веле.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Киев е под притисок да заборави на НАТО и да го прифати признавање на Крим како дел од Русија

Горан Наумовски

Германија e погодена од неверојатни поскапувања

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Владимир Путин потпиша неколку закони, меѓу кои и Законот за странски агенти

Путин е отворен за разговори со Украина за ненапаѓање цивилни цели

Трамп: Можен е договор меѓу Русија и Украина

Горан Наумовски