Германска прехранбена компанија ќе го смени името на сос поради расистички призвук

Од:

Популарен зачинет прелив во Германија наскоро ќе се ребрендира поради расистичките конотации во неговото име.

Германската компанија за прехранбени производи Кнор ќе изврши промена на името „Zigeuersauce“ или „цигански сос“ во „Паприка сос од унгарски стил“, пренесоа германските медиуми.

„Бидејќи актуелното име на сосот може да биде толкувано на негативен начин, ние решивме да му дадема на нашиот сос ново име“, соопштија од Унилевер, компанијата која е сопственик на Кнорр.

Од фирмата велат дека познатиот сос, користен од многу германски домаќинства, наскоро ќе се појави со новото име во супермаркетите низ целата држава, но и насекаде каде производот се извезува.

Преименувањето следи по неодамнешните дебати за расизмот, особено во САД, каде големите мултинационални компании ги преименуваа производите како одговор на загриженоста за расна дискриминација.

„Зигенер“ е навредлив германски израз за малцинските групи Роми и Синти кои со векови живееле низ цела Европа и сè уште се соочуваат со дискриминација. Здруженијата на овие две малцински заедници во Германија, исто така, истакнаа дека сосот не е ниту дел од нивната традиционална кујна и дека тие со години барале името да биде отстрането.

Би можело да ве интересира

Шолц ги повика Германците да гласаат

А1он

Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

А1он

Политико: Германската крајна десница користи вештачка интелигенција за да освои гласови

„Билд“: Напад кај споменикот на Холокаустот во Берлин, едно лице е тешко повредено

Германија: Не смееме сега да згрешиме и да му направиме услуга на Путин

Катерина Ѓуровски

И Германија е подготвена да испрати мировни трупи во Украина