Германија воведува данок на гас за потрошувачите

Од:

Германија најави воведување данок од 2,4 центи по киловат час гас од октомври, со цел да им помогне на увозниците што се погодени со дополнителни трошоци, поради сè помалите резерви руски гас.

Високите цени на енергијата станаа доминантна политичка тема во најголемата европска економија, затоа што трошоците за живот вртоглаво растат, а една од причините е и војната во Украина. Данокот го одреди „Трејдинг Хаб Јуроп“ (Trading Hub Europe), тело основано од разни дистрибутери на гас во земјата.

Надоместокот е наменет за да им се помогне на увозниците на гас, што мора да купуваат поскап од добавувачи надвор од Русија и трпат огромни загуби. Официјално во сила ќе биде од 1 октомври, но, не се очекува да влијае на сметките за гас до ноември или декември поради регулативи што ги штитат потрошувачите од промени на цени.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски