Германија: Владата не разработува планови за излез на Грција од еврозоната

Од:

Германската Влада не разработува планови за евентуален излез на Грција од еврозоната, изјави денеска владиниот портпарол Штефан Зајберт.

– Не сум запознат со никакви планови и државното раководство не разгледува такви сценарија, истакна Зајберт, коментирајќи ги наводите на весникот „Билд“ и додавајќи дека политиката на германската Влада кон Грција не е смената.

Претходно, весникот „Билд“ објави дека Берлин подготвува планови за евентуален излез на Грција од еврозоната, повикувајќи се на анонимен владин извор.

Во текстот се наведува дека германските планови содржат опции, кои ги согледуваат последиците од можниот наплив на штедачи кои би ги повлекле своите пари од банките во случај Грција да ја напушти еврозоната.

Според весникот, Владата на канцеларката Ангела Меркел разработувала сценарија во случај на предвремените избори во Грција на 25 јануари да победи партијата СИРИЗА, која сака да ги прекине строгите мерки за штедење и да отпише дел од грчкиот долг.

„Билд“ додава дека владини експерти изразиле загриженост поради евентуален колапс на банки, доколку земјата ја напушти еврозоната.

Германскиот вицеканцелар Зигмар Габриел пред неколку дена истакна дека Германија сака Грција да остане во еврозоната, дека Берлин нема планови за евентуален излез на Атина од еврозоната, која според него во последните години станала многу постабилна.

Би можело да ве интересира

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски