Германија тврди дека ИД користела иперит во Ирак

Од:

Германската разузнавачка служба БНД има докази дека џихадистите на Исламска држава (ИД) користеле хемиско оружје – иперит во Ирак, пишува денеска весникот „Билд“.

Весникот наведува дека агентите на БНД располагаат со примероци од анализата на крвта од Курди кои се повредени во судирите со џихадистите.

Директорот на БНД, Герхард Шиндлер изјави дека оваа разузнавачка агенција „има информации дека ИД користела иперит во северниот дел на Ирак“.

Тој за „Билд“ истакнал дека иперитот потекнува или од старите ирачки резерви произведени за време на владеењето на Садам Хусеин или е произведен од ИД откако ја преземала контролата врз Универзитетот во Мосул.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени