Германија се плаши од специјални билатерални врски меѓу САД и членки на ЕУ

Од:

Висок претставник на германската влада денеска предупреди дека постигнување на специјални договори меѓу новата американска администрација и индивудуални земји членки на Европската Унија може да предизвика штета за единството на унијата, јавува дописникот на МИА од Берлин.

„Никој во Европа нема да има корист ако индивидуални земји членки влезат во специјални договори со САД“, изјави за весникот „Велт“ Михаел Рот, државен секретар во германското министерство за надворешни работи одговорен за Европа.

Според Рот, американскиот претседател Трамп е добредојден во Германија и тој се надева дека со разговори може да се постигне многу во односите меѓу двете земји. Во врска со интервјуата на Трамп дадени во врса со односите кон ЕУ и другите партнери Рот вели дека по нив има многу работи што треба да се исправат и уште повеќе да се објаснат.

Претходно, најсериозниот кандидат за американски амбасадор во ЕУ Тед Малох изјави дека новата администрација на Доналд Трамп има сомневања за соработка со целата унијата како едно тело и најави дека повеќе претпочита билатерална соработка со земјите членки.

Би можело да ве интересира

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски