Германија размислува за изградба на терминал за ЛНГ

Од:

По руско-украинската криза и запирањето на проектот за гасоводот Северен тек 2, во Германија се забрзуваат подготовките за изградба на инфраструктура за течен гас (ЛНГ) и пред сè терминал за ЛНГ што треба да се изгради во близина на Хамбург.

– Украинската криза, но и поскапувањето на енергенсите ни покажаа дека Германија мора да биде понезависна од билатералните договори со одделни земји, изјави министерот за економија на сојузната покраина Долна Саксонија, на чија територија треба да се изгради терминалот „Штад“.

Друга можна локација за терминалот е Брунсбутел, од другата страна на устието на Елба, во сојузната држава Шлезвиг-Холштајн.

Терминалите за течен гас досега не беа во фокусот на германската енергетска политика, но неодамна, особено по ескалацијата на украинската криза, отворено се разговара за можноста за изградба на такви терминали во Германија. Оваа можност ја поддржа и претходната и сегашната влада.

Германскиот канцелар Олаф Шолц претходно изјави дека наредил повлекување на документите, со што се оневозможува доделување сертификати за отворање на гасоводот „Северен тек 2“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски: Унгарија е единствената земја што го блокира членството на Украина во ЕУ

Руте: Земјите-членки на НАТО мора да произведуваат повеќе оружје

Стармер: На Украина и се потребни дополнителни безбедносни гаранции поради амбициите на Путин

Мерц се обидува да добие поддршка од Зелените за измени на законот за ограничување на долгот

Сијарто: Невозможно е Украина да влезе во ЕУ пред земјите од Западен Балкан

Јермак: Украина нема да се согласи на замрзнат конфликт