Германија продолжува со депортација на одбиени баратели на азил

Од:

Германските власти ја завршија операцијата за депортација на втората група авганистански бегалци согласно договорот потпишан во октомври меѓу Европската унија и Авганистан.

Вкупно 26 мигранти придружувани од 80 германски полицајци пристигнале вчера во Кабул.

Како што пренесува дописникот на МИА од Берлин авганистанските власти тврдат дека едно од депортираните лица е под силен психолошки стрес поради што може да биде вратено во Германија.

Неколкумина од депортираните мигранти кои велат дека вчера изутрината биле уапсени во своите сместувалишта, по што во Кабул биле испратени со по една мала патна торба.

Околу 250 луѓе вчера во Франкфурт организирале протест поради принудното враќање на одбиени баратели на азил од Авганистан, каде има зголемено насилство и е слаба безбедност.

Според германскиот министер за внатрешни работи Томас Де Мазиер депортацијата е оправдана затоа што талибанските сили главно ги напаѓаат претставниците на меѓународната заедница во оваа земја а не авганистанските цивили.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: И пукал во глава на бремената сопруга, потоа ранил уште тројца – хорор во Германија

ВИДЕО: Поплави во Германија, жители на баварски град евакуирани со хеликоптер

Од денеска Македонците полесно до работа во Германија

ВИДЕО: Политичар и полицаец избодени со нож во Германија

Шолц попушти: Украина може да користи оружје од Германија на руска територија

Катерина Ѓуровски

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија