Германија призна дека до 2011 година и продавала компоненти за хемиско оружје на Сирија

Од:

Германија на Сирија и продала околу 360 тони хемикалии, што можеле да бидат искористени за производство на отровен гас, а дел од нив и во текот на 2011 година, јави ДПА.

Хемикалиите, кои имаат двојна намена, затоа што можеле да се искористат како за цивилни, така и за воени цели, биле дистрибуирани од германските извозници од 1998 до април 2011 година, односно до периодот кога во Сирија започна бунтот против сирискиот претседател Баша ал Асад.

Како што информира денеска германското Министерството за економија количеството на продадените хемикалии е трипати поголемо од она што досега се тврдеше.

Претходно, Владата во Берлин информира дека од земјата во Сирија се извезвени 134 тони отровни материи и тоа само меѓу 2002 и 2006 година. Тие требало да бидат искористени во индустријата за преработка на злато, флуорирање на вода и производство на пасти за заби.

Би можело да ве интересира

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија