Германија пресретна комуникација со која се докажува злосторството во Буча

Од:

Германското разузнавање (БНД) пресретнало комуникации на руската војска во која се документира договор за масакрот во Буча, тврди магазинот Шпигел.

Според извештајот испратен од БНД до соодветните парламентарни комисии, комуникацијата меѓу руските војници докажува дека не се работи за случајни злосторства на поединечни војници, туку за планирана стратегија.

„Материјалот покажува дека убиствата на цивили се дел од вообичаената процедура на руската војска заради заплашување на населението и спречување на отпор“, се наведува во извештајот на БНД, пренесува Шпигел.

Според БНД, делови од снимената комуникација може директно да се поврзат со конкретни жртви кои подоцна се фотографирани, пренесе Хина.

Така, во еден разговор војник опишува како, со својот колега, застрелал едно лице на велосипед.

Подоцна, фотографијата на жртвата како лежи снимена покрај неговиот велосипед го обиколи светот.

Поранешниот германски минисер за внатрешни работи Герхарт Баум и некогашната министерка за правда Сабине Лојтхојсер-Шнаренбергер, планираат обвинение против руското раководство и некои војници поради сомнеж за воени злосторства.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украина загуби над 40 отсто од територија во Курск, Русите напредуваат во Донецк

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп