Германија од утре претседава со ОБСЕ

Од:

Германија од утре го презема едногодишното претседателство со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), со која оваа година претседаваше Србија.

Официјален Берлин ќе раководи со Организацијата, која ја сочинуваат 57 земји-членки, а која се простира од Ванкувер до Владивосток.

Официјалното претседателство ќе почне со првата седница на Постојаниот совет, извршното тело на ОБСЕ, која вообичаено се одржува кон средината на јануари во Виена.

Министерот за надворешни работи на Германија Франк Валтер Штајнмаер најави на министерскиот состанок на ОБСЕ во Белград дека приоритет на Германија ќе биде јакнењето на безбедноста.

Би можело да ве интересира

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија