Германија не сака преразгледување на нуклеарниот договор со Иран

Од:

Договорот за нуклеарната програма на Иран треба да се почитува, а не да се доведува во прашање неговата реализација, истакна заменик портпаролот на германската Влада, Георг Штрајтер.

– Федералната Влада не е заинтересирана за преразгледување на договорот. Сите земји треба да работат на негова реализација, посочи Штрајтер.

Тој додаде дека Договорот постигнат во Виена во 2015 е „ефикасен инструмент за превениција од ширење на нуклеарното оружје и ја поддржува безбедноста во целиот регион“.

Трамп во вчерашното обраќање пред Генералното собрание на Обединети нации истакна дека нуклеарниот договор на Иран со шесте светски сили „е срам за САД“, додавајќи оти Вашингтон не може да го почитува договорот „доколку обезбедува покритие за евентуален развој на нуклеарната програма“.

Би можело да ве интересира

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија