Германија: Не е точно дека се обидовме да ги заплашиме турските новинари кои се наклонети кон Ердоган

Од:

Германската влада го повика турскиот амбасадор во Берлин по критиките на германското правосудство поттикнати од неодамнешниот претрес на турски новинари, соопшти денеска германското Министерство за надворешни работи.

„Турскиот амбасадор, кого денеска го поканивме на разговор е информиран дека сојузната влада категорично ги отфрла обвинувањата на турската влада во однос на слободата на говорот, слободата на медиумите и германското правосудство“, објави германското Министерство за надворешни работи на Твитер.

Поканата за разговор, кој се одржува пет дена пред вториот круг од претседателските избори во Турција, е одговор на слична одлука што турските власти ја донесоа на 17 мај во врска со германскиот амбасадор.

Оваа одлука е донесена по претресот во Франкфурт на двајца турски новинари на дневен весник наклонети кон владата на Ердоган.

Во тоа време, турското Министерство за надворешни работи го осуди „неоправданото апсење на двајца претставници на канцеларијата на весникот Сабах во Франкфурт“, за кое наведе дека е „обид за заплашување и малтретирање на турскиот весник“.

Јавното обвинителство во Дармштад, Германија, одговори дека не се уапсени, потврдувајќи го претресот на двајцата новинари при што биле запленети „електронски уреди за складирање податоци и друг доказен материјал“.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Опозицијата ќе одговара за саботажата насочена кон турската економија

Горан Наумовски

Ердоган: Членовите на ЦХП дадоа информации и докази против Имамоглу

Убиени се двајца новинари во Газа

Ердоган: Протестите за апсењето на Имамоглу се претворија во насилно движење

Ердоган: Држат лекции за човекови права, но молчат за грозоморните убиства во Газа

Предраг Петровиќ

Ривалот на Ердоган, Имамоглу, во истражен затвор до судењето