Германија: Најмногу заразени со коронавирус на автопатот А3, по кој доаѓаат патници од Западен Балкан

Од:

На станиците за тестирање на германските автопати, најголем процент од заразените со Ковид-19 е пронајден на просторот за одмор на автопатот А3, кој главно носи патници од Западен Балкан во Германија.

Според германските медиуми, позитивни се околу 2,4 проценти од тестовите во Центарот за тестирање на автопатот А3 Донаутал-Ост. Од отворањето на Центарот за тестирање, 16.556 патници дозволиле да им се земат брисеви. Од нив, 410 се позитивни.

На просторот за одмор во Хохфелн, на автопатот А8, процентот на заразени лица е помал (1,2 процент), а уште помалку има на Интал-Ост, на автопатот А93 (0,4 проценти).

На автопатот А8 биле тестирани 11.509 лица, а 137 биле заразени, додека на А93, од 7.285 тестови за присуство на коронавирус, 32 од нив биле позитивни.

Весникот „Зидојче Цајтунг“ ја цитираше министерката за здравство на Баварија, Мелани Хумл, според која големата разлика во процентот на заразени лица се објаснува со фактот дека тест станицата на автопатот А3 „широко ја користат патниците од Западен Балкан“.

Весникот потсетува дека за повеќето земји од тој регион – како Србија и Босна и Херцеговина – се уште е во сила препораката на германското Министерство за надворешни работи до граѓаните да не се патува поради зголемениот ризик од инфекција .

Во последниве денови, бројот на новозаразени повторно се зголеми во Германија.

Властите најавуваат засилени контроли за задолжителното носење заштитна маска и физичко растојание од 1,5 метри во Баварија, како и зголемено присуство на полицијата на шеталиштата, места за капење и јавни паркови.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски