Германија најави дека ќе прифати 60 мигранти од Малта

Од:

Германија ќе прифати 60 мигранти кои се наоѓаат на Малта или треба да пристигнат во рамките на договорот за ублажување на последното спорење околу спасувачките бродови во Средоземното Море.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Стеве Алтер денеска изјави дека обидите членките на ЕУ да ги поделат 249-те мигранти кои ги спасиле малтешки воени бродови, плус 49 кои се наоѓаат на приватни спасувачки бродови – е „ад хок одлука во моментална ситуација“. Тој исто така рече дека Германија планира да создаде „долгорочен и одржлив механизам“.

Алтер рече дека осум земји моментално покажале подготвеност да ги прифатат мигрантите, но оти во тек се разговори со уште поголем број земји.

Според договорот кој го објави премиерот на Малта Џозеф Мускат, европски држави, вклучувајќи ја и Италија, ќе ги примат 49-те мигранти кои уште од декември се наоѓаат на приватни спасувачки бродови, откако тие прво ќе пристигнат на Малта. Покрај тоа, тие ќе примат и поголем број од 249 бегалци кои веќе се наоѓаат на Малта.

Италијанскиот заменик – премијер Матео Салвини остро го отфрли договорот за спасените мигранти за кој посредуваше Европската унија, и рече дека тоа ќе ги охрабри трговците со луѓе. ј

Би можело да ве интересира

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Во две акции на полицијата уапсени шверцери на мигранти

Шолц: Правото на азил е составен дел на германскиот правен и вредносен систем

Горан Наумовски

ВИДЕО: Колумбија попушти за мигрантите, Трамп се откажа од санкциите

ВИДЕО: Трамп почна масовна депортација на мигранти од Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Напаѓач со нож уби маж и дете, а рани неколкумина во Германија

Горан Наумовски