Германија: На сиромашните да им се подели коњското месо

Од:

[staff name=”Елена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]Германскиот министер за развој, Дирк Нибел го подржа предлогот на владејачката Христијанска демократска унија, храната во која имаше коњско место наместо говедско, да биде поделена на сиромашните.

Идејата месото во готовата храна, кое беше обележано како говедско, наместо коњско да им се подели на сиромашните ја подржаа одредени свештеници, додека опозицијата во Германија е против, бидејќи може да ги навреди сиромашните.

Не можеме така да ја фрлиме храната – изјави министерот Нибел, пренесува „Би би си“.

Министерството за права на потрошувачите соопшти дека траговите на коњското место се пронајдени во 67, од 830 тестирани производи.

Три водечки произведувачи и дистрибутери на храна во Франција, Карфур, Финдус и Ентермарш се договорија да подготвуваат храна само користејќи француско говедско месо.

Во меѓувреме во Италија се пронајдени шест тони мелено месо, во кое присутно коњското месо, а ситуација е слична и во останатите европски држави.

Германскиот министер изјави дека ќе биде неодговорно доколку се фрли таа храна, бидејќи не е неисправна.

Слично мислење има и свештеник од Евангелистичка црква, во Германија, Бернхард Флемберг.

Фрлање на храна која може да се конзумира без никаков ризик, е лоша исто како и погрешното етикетирање на производите и не може да ја реши оваа ситуација – изјави Флемберг.

Би можело да ве интересира

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он

Објавени се првите излезни анкети од изборите во Германија – Демохристијаните се во водство

А1он

Шолц ги повика Германците да гласаат

А1он

Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

А1он