Германија: Контрола и на границата со Чешка

Од:

Германија ја прошири контролата на границата и со Чешка за да го запре криумчарење луѓе и подобро да се справи со приливот на бегалци, соопшти денеска портпаролот на федералната полиција Кристијан Мајнхолд.

– Полицијата почна да ја контролира границата доцна синоќа на автопатот А17, кој ја поврзува Саксонија, на истокот на Германија, со Чешка, рече портпаролот Мајнхолд.

Мајнхолд наведе дека од синоќа уапсени се четири шверцери.

Истовремено е соопштено дека вчера во Германија влегле 9.100 бегалци, што е за 3.100 повеќе во однос на претходниот ден.

Како што се наведува, речиси сите влегле од територијата на Австрија.

Би можело да ве интересира

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски