Германија ќе забрани да се возат коли по 10 часот навечер

Од:

Германскиот Бундестаг денеска го усвои новиот епидемиолошки закон што ќе им овозможи на федералните власти да преземат мерки во региони каде што има поголема стапка на инфекција, а тоа вклучува забрана за управување со автомобили по 22 часот.

За време на „заклучувањето“ и во врска со полицискиот час, ќе биде можно да се воведе забрана за управување со автомобили ноќе.

Според сегашната ситуација, 361 од 412 области и градови сега ќе мора да бидат „заклучени“. Во тие региони, полицискиот час би важел од 22 до 5 часот наутро.

Според законот што се усвојува, граѓаните би можеле да го напуштат домот во тој период само за да одат на работа или на лекар, и помеѓу 22 часот и полноќ на прошетки без придружба.

Тоа би го забранило управувањето со автомобили од 22 часот, а, како што рече пратеникот на ЦДУ, Рудолф Хенке, можни се контроли на возачите.

Би можело да ве интересира

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

ЦСУ го одобри коалицискиот договор со ЦДУ и СПД