Германија ќе воведе поригорозни мерки ако не се намалат контактите за 60 проценти

Од:

Германија нема да има друг избор освен да воведе построги ограничувања за сузбивање на инфекцијата со Ковид-19, ако луѓето значително не ги намалат контактите, изјави директорот за Институтот за инфективни болести Роберт Кох, Лотар Вајлер.

– Луѓето досега ги намалија контактите во просек за околу 40 проценти, но потребно е да се намалат за 60 отсто за да се намали бројот на инфекци. Ако луѓето сами не можат да постигнат намалување до 60 проценти, ќе мора да бидат разгледани други мерки. Ако не успеат, не гледам друга можност, истакна Вајлер.

Тој упати апел до граѓаните да не патуваат за време на божиќните празници.

– Во Германија во сила е шестнеделен делумен карантин, затворени се баровите и рестораните, но отворени се продавниците и училиштата.

Според податоците на Институтот во изминатите 24 часа од последици од новиот коронавирус починаа 440 луѓе.

И германската канцеларка Ангела Меркел во вчерашното обраќање пред Бундестагот се заложи за воведување на построги мерки во борбата против пандемијата.

Би можело да ве интересира

Судир меѓу полицијата и демонстрантите на конгресот на АфД, не се знае дали има повредени

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на антисемитски инциденти во Германија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Германија: Полиција влезе во училишна зградата, учениците затворени во училниците

Горан Наумовски

ВИДЕО: Во Данска се гради најголемиот подводен тунел во светот

Германски полицаец загина, а друг е тешко повреден додека го обезбедувале Виктор Орбан

Горан Наумовски

Германците пресметаа: Одморот во Хрватска е поскап отколку во Шпанија, Грција и Португалија