Германија ќе се ослобдува од рестрикциите во три фази

Од:

Во германските медиуми објавен е планот на канцеларката Ангела Меркел за отворање на економијата, јави Дојче Веле.

Меркел на онлајн конференција со членовите на парламентарната група ЦДУ/СЦИ изјави дека отворањето мора да биде „внимателно и постапно“ ако земјата сака да избегне ново затворање.

Според неименувани извори Меркел стравува од пораст на новозаболени од Ковид-19 во случај на пребрзо отворање.

Таа истакна и дека намалувањето на рестриктивните мерки би требало да се одвиваат во три фази.

Првата фаза би била намалување на рестрикциите што се однесуваат на личните контакти помеѓу домаќинствата, а потоа би се отвориле училиштата и спортските објекти. Третата фаза би било отворање на рестораните и културните институции.

Според германските медиуми, еден од главните приоритети би било вакцинирањето на наставниците и воспитувачите во градинките. Градинките и училиштата од понеделникот отворени се во 10 германски покраини.

Би можело да ве интересира

Ангела Меркел доби награда за мир на УНЕСКО

Ана Ололовска

Поранешен главен советник на канцеларката Меркел стана советник на премиерот Рама

А1он

Меркел денеска ќе ја добие наградата на ОН за справување со миграциската криза од 2015 година

А1он

ОН ја награди Меркел за справувањето со миграциската криза од 2015/16 година

А1он

Меркел: Зборовите на Путин не се знак на слабост, туку на политичка мудрост

А1он

Песков не го коментира можното посредување на Меркел