Германија ќе прими до 10.000 бегалци од Сирија

Од:

Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) ја разгледува можноста за преселување во Германија на до 10.000 сириски граѓани погодени од конфликтот во земјата, изјави денеска во Женева портпаролот на светската организација Адриан Едвардс.

Портпаролот нагласи дека УНХЦР соработува и со други европски влади барајќи решенија за преселување на бегалците од Сирија, чиј број надминува 1,6 милиони.

Според прогнозите на ОН се очекува до крајот на годината бројот на сириски бегалци да достигне 3,45 милиони.

УНХЦР најави седница на оваа тема кон крајот на јуни во Женева, но засега не се познати детали за собирот. Сепак, најголем товар од сириските бегалци ќе преземат соседните Либан, Јордан, Турција и Иран.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад