Германија ќе испрати медицинска помош во Индија

Од:

Германија ќе испрати кислород и друга медицинска помош во Индија во наредните денови со цел да помогне во здравствената криза предизвикана од исклучително зголемениот број новозаразени со Ковид-19, најави министерот за надворешни работи на Германија, Хајко Мас.

Во изминатите 24 часа, во Индија се потврдени 349.691 новоинфицирани со коронавирусот, четврти рекорден број на случаи во последните четири дена, а болниците одбиваат пациенти затоа што немаат медицински кислород.

„Вториот бран од епидемијата во моментов ја опустошува Индија со невидена сила. Правилно е да дејствуваме без одлагање за да го запреме ширењето на новиот вид на вирус низ Германија”, изјави министерот Мас во интервју за Рајнише Пост.

Германските власти ја ставија Индија на списокот на земји со висок ризик со посебно предупредување поради новите соеви на коронавирусот, а од денеска на патниците од Индија ќе им биде дозволен влез во Германија само доколку имаат негативен тест за коронавирус и две недели во карантин.

Би можело да ве интересира

„Црниот мраз“ ја парализира Германија: Повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта

Индија може да се подели на два дела

AfD подели илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација

Ако не е произведено во Дубаи, не смее да се рекламира како „Дубаи чоколадо“, реши суд во Германија

Автобуска несреќа во Германија: Најмалку двајца загинати, има многу тешко повредени

АфД ја именуваше Алиса Вајдел за свој кандидат за канцелар на претстојните избори