Германија ќе го блокира влезот на Украина во НАТО во страв од војна на Алијансата со Русија

Од:

Германија ќе инсистира на одложување на пристапот на Украина во НАТО поради стравувањата дека овој потег би можел да ја одведе Алијансата во војна со Русија.

Извор од Алијансата рече дека Берлин ќе го искористи годишниот самит на НАТО во Вилнус, Литванија оваа недела за да ги повика другите да се фокусираат на безбедносните гаранции, наместо на предлозите за членство, за да и помогнат на Украина да се одбрани.

„Берлин се спротивставува на можноста да понуди итно членство“, изјави изворот за Телеграф. „Таа сака процес и време за развивање гаранции пред да дојде до суштинско челнство во воениот блок“.

„Берлин не сака да го види Владимир Путин како потенцијално го тестира членот 5“.

Според клаузулата од член 5 на Алијансата на НАТО, секоја земја-членка нападната од надворешен агресор има право да побара воена интервенција од останатите сојузници.

Согласувајќи се со германската загриженост, Џо Бајден рече дека сака да избегне ситуација кога „сите сме во војна, во војна сме со Русија“.

Бајден додаде дека Украина „не е подготвена“ за членство во НАТО и дека „ќе потрае некое време“.

Неговиот советник за национална безбедност Џејк Саливан рече: „Не сакаме да ја започнеме Третата светска војна. Украина нема да се приклучи на НАТО кога ќе излезе од овој самит.

Володимир Зеленски, украинскиот претседател, постепено ја засили својата кампања за Украина да се приклучи на НАТО по инвазијата на Русија минатата година, настојувајќи да создаде недвосмислен клинч меѓу неговата земја и Москва.

Воениот лидер ги повика 31-та земја-членка на НАТО да преземат конкретни чекори кон членството во Украина за да може неговата земја брзо да се приклучи на трансатлантскиот сојуз по војната.

Германија и Соединетите држави приватно предупредија дека овој потег би можел да ескалира актуелниот конфликт во активна војна меѓу НАТО и Русија.

Путин често тврдеше дека проширувањето на НАТО кон руските граници во последните две децении било клучен фактор во неговата одлука да ја нападне Украина.

Рускиот претседател оттогаш се закани со употреба на нуклеарно оружје во војната, што предизвика страв од ескалација во западните земји.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

„Црниот мраз“ ја парализира Германија: Повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта