Германија: Кина има одговорна улога да ги почитува законите на Хонгконг

Од:

Германската Влада соопшти дека Кина, како одговорен актер на светската сцена, ќе ги почитува законите на Хонгконг, кои гарантираат слобода на говорот и владеење на правото.

Тоа го изјави во Берлин портпаролот на Владата, Штефен Зајберт.

Тој истакна дека Уставот на Хонгконг, усвоен во 1997 година кога оваа поранешна британска колонија повторно влезе во состав на Кина, е врз основа на кинеското законодавство, додавајќи дека Германија согласно тоа очекува Пекинг да не го доведе во прашање почитувањето на правата кои се загарантирани со највисокиот акт.

Зајберт нагласи дека Германија ја смета Кина за одговорен актер на светската сцена, со кого добро соработува во многу области, и го повтори неодамнешниот повик на канцеларката Ангела Меркел за мирно решавање на кризата.

Би можело да ве интересира

Германија испраќа војници на прагот на Русија за прв пат по Втората светска војна

Германија ќе и обезбеди на Украина повеќе од 11 милијарди евра воена помош до 2029 година

Новата германска влада подготвува казна за Орбан

Кина подготвува уште посилен удар за Западот

Горан Наумовски

Германскиот парламент почнува со работа, АфД за прв пат најсилна опозиција

ВИДЕО: Во Берлин трет неонацистички собир, се собраа и контрадемонстранти