Германија ја запира употребата на вакцината на АстраЗенека

Од:

Германската Влада денеска соопшти дека ја прекинува употребата на вакцината против коронавирусот на АстраЗенека поради случаи на појава на згрутчување на крвта.

Германското Министерство за здравство во соопштението наведува дека одлуката ја донело од „претпазливост“ и по совет на националниот регулатор за вакцини.

Во соопштението се додава дека Европската агенција за лекови ќе донесе одлука „дали и како новите информации ќе влијаат на одобрувањето на вакцината“. Според Министерството, случаи на згрутчување на крвта биле пријавени по примањето на вакцината, но не дало повеќе информации.

Неколку европски земји времено ја прекинаа вакцинацијата со АстраЗенека.

Компанијата АстраЗенека соопшти дека нема причина за загриженост поради нејзината вакцина и дека има помалку пријавени случаи на тромбоза кај оние кои ја примиле инјекцијата отколку кај општата популација.

Би можело да ве интересира

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

ЦСУ го одобри коалицискиот договор со ЦДУ и СПД