Германија ја продолжи граничната контрола до 15 мај

Од:

Германскиот министер за внатрешни работи, Хорст Зехофер, ја продолжи контролата на германските граници до средина на мај, поради пандемијата со новиот коронавирус.

Контролата на границите во Германија беше воведена во март, а е продолжена до 15 мај.

Од германското Министерство за внатрешни работи соопштија дека целта е да се продолжи успешно да се контролира ширење на Ковид-19, бидејќи на тој начин се прекинува синџирот на зараза.

Прекуграничниот сообраќај на стока, како и преминувањето граница за луѓе кои работат од другата страна на границата сè уште е можен.

Прекуграничното патување во одредени случаи е можно, доколку има важна причина.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија