Германија ја обвини Русија за убиството на поранешен грузиски лидер во Берлин

Од:

Германското обвинителство вчера ја обвини Русија дека го наредила убиството врз поранешниот грузиски лидер Зелимхан Кангошвили во Берлин. Во обвинението се тврди дека руски државјанин е одговорен за злосторството, извршено ланското лето во германскиот главен град, што потоа доведе до сериозно влошување на дипломатските односи меѓу двете земји.

Обвинителството соопшти дека истражителите собрале доволно докази за убиството да го обвинат рускиот државјанин, идентификуван како Вадим. К. покрај обвинението против него за нелегално поседување оружје.

Во соопштението на Обвинителството се додава дека обвинетиот се придржувал до наредбата издадена од руските власти „или со надеж дека ќе добие парична награда за тоа или затоа што го имал истиот мотив како и оние кои го наредиле атентатот врз политичкиот противник за да му се одмаздат за претходни конфликти со Русија“.

Инцидентот се случи во август минатата година, кога грузискиот државјанин Зелимхан Кангошвили, кој некое време во Германија живеел под името Торнике Кавтарашвили, бил застрелан во парк во Берлин додека одел во џамија, а убиецот бил на велосипед.

Русија, меѓутоа, негира каква било вмешаност во неговото убиство, додека претседателот Владимир Путин претходно кажа дека „човекот се бореше и изврши крвопролевање на руско тло, а Берлин не обрна внимание на барањето на Москва за негова екстрадиција“.

Германскиот министер за надворешни работи, Хеико Маас, денеска ја поздрави изјавата на Обвинителството, опишувајќи го убиството како „многу сериозен инцидент“. Според него, Министерството за надворешни работи го повикало рускиот амбасадор на разговор за да се разјасни ставот на неговата земја. Тој додаде дека Москва знае дека Берлин „го задржува правото да преземе натамошни чекори за овој случај“.

Германија протера двајца руски дипломати откако федералните обвинители објавија дека прелиминарната истрага покажала дека Москва стои зад убиството.

Би можело да ве интересира

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства