Германија испраќа два авиона на Бундесверот во Мали

Од:

Германија се приклучува меѓународниот воен ангажман во Мали со два транспортни авиони на бундесверот, кои ќе ги испрати во западноафриканската држава, јавуваат денеска германските медиуми.

Двата авиона од типот Transall треба да ги префрлат војниците на западно-африканската економска унија Ecowas во Бамако, главниот град на Мали, јавуваат медиумите и пренесуваат дека германскиот министер за одбрана Томас де Мециер изјавил дека овие мерки може да започнат веднаш и дека во тој случај на лице место треба да се разјаснат уште некои “технички прашања”.

Медиумите нагласуваат дека овој ангажман на Германија во Мали не бара никаков мандат на Бундестагот и потсетуваат дека претходно владата во Берлин расправала за можноста за испраќање на пет авиони и стриктно ја отфрли можноста за испраќање германски војници во таа западно-африканска земја.

Мали денеска во Берлин ќе биде едно од важните политички прашања, бидејќи беше најавен разговор на канцеларката Ангела Меркел, со претседателот на западноафриканската економска унија Ecowas, Алашане Оутара.

Како станува збор за Бундесверот, германските медиуми наведуваат дека германската армија располага со 60 авиони од типот Transall, специјализирани за транспорт на луѓе и дека седум од овие транспортни авиони веќе се во мисијата во Авганистан.

Членките на Ecowas западноафриканска економска унија, планираат да испратат околу 3.300 војници во Мали, пренесуваат германските медиуми.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија