Германија испраќа дел од мигрантите кон Белгија, според невладина организација

Од:

Германија испраќа дел од мигрантите кон Белгија, изјави портпаролот на белгиската Граѓанска платформа за поддршка на бегалците.

Според него за тоа сведочат мигранти, кои поминале преку Германија и пристигнале во Белгија.

Тие изјавија дека добиле инструкции од германските власти да не поднесуваат барања за азил во Германија и да си ја пробаат среќата во Белгија.

Белгиските центри за бегалци веќе се пополнети, јавуваат белгиските медиуми, а истовремено од почетокот на ноември се набљудува нов прилив на кандидати кои бараат азил во Белгија.

Со оглед на тоа што повеќе нема место во прифатните центри, каде кандидатите го чекаат одговорот на нивното барање, некои од нив престојуваат на улиците.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија