Германија го осуди новиот договор на Русија со Јужна Осетија

Од:

Германија денеска го осуди новиот договор на Русија со регионот Јужна Осетија, отцепен од Грузија, оценувајќи дека претставува закана за грузискиот суверенитет и ги зголемува стравовите дека Москва планира анексија на таа територија.

Портпаролката на германската Влада, Кристијане Вирц истакна дека Москва со новиот договор со Јужна Осетија ги попречува напорите кои се прават на преговорите во Женева за мирно решавање на кофликтот во Абхазија, исто така отцепена од Грузија.

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот колега од Јужна Осетија Леонид Тибилов претходните денови во Кремљ потпишаа Договор за сојузнички односи и интеграција. Со договорот предвидена е поблиска соработка во следните 25 години и може да биде продолжен на уште 10 години по истекот.

Русија во ноември 2014 година потпиша сличен Договор за стратешки сојуз со Абхазија.

Јужна Осетија како независна држава досега е признаена од пет земји – Русија, Ниокарагва, Наура, Венецуела и Тувала, додека ОН, ОБСЕ и ЕУ ја сметаат за дел од Грузија.

Би можело да ве интересира

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства