Германија гласа в недела, Меркел фаворит

Од:

Во Германија в недела ќе бидат одржани сојузни парламентарни избори каде право на глас имаат речиси 62 милиони Германци, а во трката во која канцеларот Ангела Меркел важи за фаворит, додека нејзините демохристијани за најсилна политичка опција, учествуваат 34 партии и 4.451 изборен кандидат.

Германија е поделена на 299 окрузи, а избирачите ќе можат да гласаат на 80 избирачки места.

Аналитичари и политиколози наведуваат дека во последните денови од кампањата оној кој сака да победи во Берлин ќе мора на своја страна да ги привлече мигрантите чие влијание се повеќе расте.

Германија има сложен изборен систем мешавина на пропорцијален и мнозински во кој секој бирач има два глас – со првиот бира политичка избор за т.н. директни мандати во Бундестагот, а со другиот глас дава поддршка за партија.

Во Германија според Уставот од 1949 година ниту претседателот ниту канцеларот не се избираат со директно гласање на граѓаните туку само во Бундестагот или во Сојузното Собрание.

Според аналитичари можен е постизборен сојуз и оти голема коалиција би била една од можните решенија. Меркел и Христијанско-демократската унија ги имаат спроти себе Перштајбрих кандидат на Социјал демократската партија. Освен голема коалиција како можно, но помалку веројатна опција е продолжување на сегашната коалиција на демохристијаните и либаралите.

Би можело да ве интересира

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад