Германија ги ублажува мерките: Од 20 март престануваат да важат повеќето, има само еден исклучок

Од:

По 20 март, најголемиот број на ограничувања поврзани со пандемијата на коронавирус, со исклучок на носење маски, ќе престанат да важат во Германија.

Во споредба со другите европски земји, Германија го помина релативно добро последниот бран на пандемијата, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц.

Тој рече и дека релаксирањето на мерките во Германија се планира во три фази.

Во првата фаза, која треба да следи во наредните денови, се олеснуваат мерките за вакцинираните и оние кои прележале ковид, се укинуваат ограничувањата за влез во малопродажните објекти, а останува обврската за носење маски во продавниците, јавниот превоз и сите затворени јавни објекти. сила.носење маски.

Втората фаза се очекува на 4 март, кога во угостителските објекти и хотелите треба да се воведе правилото 3G, што значи дека влез им е дозволен на оние кои биле вакцинирани, ја прележале болеста или имаат негативен резултат од тестот.

Во третата фаза, од 20 март, треба да се укинат сите преостанати далекосежни мерки за заштита, со обврска за носење маски во затворени простории. Во Германија досега се вакцинирани 74,8% од населението.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: И пукал во глава на бремената сопруга, потоа ранил уште тројца – хорор во Германија

ВИДЕО: Поплави во Германија, жители на баварски град евакуирани со хеликоптер

Од денеска Македонците полесно до работа во Германија

ВИДЕО: Политичар и полицаец избодени со нож во Германија

Шолц попушти: Украина може да користи оружје од Германија на руска територија

Катерина Ѓуровски

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија