Германија бара одговор од Вашингтон

Од:

Германската влада планира да упати листа на прашања до американската администрација по откритието дека владата на САД спроведува програма за шпиунирање преку Интернет.

-Направивме листа од прашања која ќе им ја упатиме на нашите американски пријатели-изјави министерот за внатрешни работи на Германија, Ханс Петер Фридрих.

Повикот до јавноста кој пред неколку дена го упати поранешниот работник на американската Агенција за национална безбедност Едвард Сноуден, предупредувајќи дека службите за безбедност на САД ги шпиунираат граѓаните на планетава и ги надгледуваат нивните активности на Интернет, предизвика загриженост во ЕУ и Германија.

Европската унија остро реагираше и најави дека ќе бара објаснување од Вашингтон, а истото го побара и германската канцеларка Ангела Меркел.

Германија според податоците на Сноуден е членка на ЕУ во која мерките за надзор на комуникациите биле најмногу применувани.

Американскиот претседател Барак Обама се обиде да ја увери јавноста дека се е под контрола на судството и Конгресот и дека целиот проект е насочен против тероризмот.

„Асошиејтед прес“ пренесе дека германската канцеларка Меркел за ова прашање идната недела ќе разговара со Обама, во тек на неговата посета на Берлин.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија