Само неколку недели откако „Кјуриосити“ откри метан во атмосферата на „Црвената планета“, Нора Нофке една од најпознатите американски геолози тврди дека воочила потенцијални трагови на живот на фотографиите кои ги направила НАСА.
-Можеме да детектираме седиментни структури во карпите на Марс врз основа на фотографиите кои ги направи „роверот“. Тие припаѓаат на групата микробиолошки суштества кои се формираат, односно настануваат во песок- вели Нофке која што работи како професор на Олд Доминион универзитет во САД.
Таа тврди дека тоа потврдува дека на Марс некогаш, односно пред повеќе од 3 милијарди години имало одреден облик на живот. Во своето истражување Нофке направила споредба на фотографии од карпи од Марс и од Земјата и забележала присуство на микроби кои живеат во таканаречени „матици“.
-Матиците се создадени од трилиони и трилиони микроби кои настануваат на дното на реките, морињата и океаните, поточно во песокот кој се наоѓа на дното- нагласува таа и додава дека сличноста помеѓу карпите на Марс и Земјата е неверојатна, што и дава надеж да верува дека на Марс навистина постои некаков облик на живот.
Е. Г.