Генералниот секретар на ОН со апел до верските лидери да учествуват во борбата против коронавирусот

Од:

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска апелираше до верските водачи од сите вери да работат за мир низ целиот свет и да се фокусираат на заедничка битка против коронавирусот.

Христијаните го слават Велигден, Евреите го одбележуваат Пасха, а муслиманите наскоро ќе го започнат светиот месец Рамазан.

Гутереш изјави дека треба да се остави посебна мисла за „херојските здравствени работници од првите редови што се борат со овој вирус – и за сите оние што работат да ги одржуваат нашите градови“, рече Гутереш.

Ова е исто така време да се потсетиме на „најранливите од ранливите страни низ светот“: луѓе во воени зони, бегалски кампови, сиромашни квартови и други области кои се најмалку опремени за борба против вирусот“.

„И, да ја обновиме нашата верба едни во други и да извлечеме сила од доброто што се собира во проблематичните времиња, бидејќи заедниците на различни вери и традиции се обединуваат да се грижат еден за друг“, додаде тој.

„Заедно, можеме и ќе го победиме овој вирус – со соработка, солидарност и верба во нашата заедничка хуманост“.

Би можело да ве интересира

Повторно судир на САД и Украина: Зеленски не ја повлекува резолуцијата од ОН

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Трамп ја повлече Америка од Советот за човекови права на ОН

Ердоган: Судбината на 194 земји не може да се остави во рацете на пет земји

Предраг Петровиќ

ОН: Најмалку 183 украински цивили загинаа во руските напади во октомври