Генералниот директор на нуклеарната централа Запорожје призна дека соработувал со украинската армија

Од:

Генералниот директор на нуклеарната централа Запорожје, Игор Мурашков, призна дека му дал информации на Киев за настаните во нуклеарната централа, сфаќајќи дека гранатирањето доаѓа од украинската армија, рече тој во интервју за телевизијата „Русија 24“.

„Разговарав со соработниците на вооружените сили на Украина преку месинџер, суштината на разговорот беше тоа што пренесов информации за моменталната ситуација во нуклеарната централа“, рече Мурашков.

Генералниот директор на нуклеарната централа Запорожје бил депортиран на територијата под контрола на Украина под обвинение за „вршење активности насочени кон дискредитација на властите на Руската Федерација“.

 

Би можело да ве интересира

Русија: Не исклучуваме разговори со Американците

Украина прифати 30 дневен прекин на огнот

ВИДЕО: Најголем украински напад со дронови, таргетирана и Москва

Клучен состанок САД-Украина во Саудиска Арабија

ВИДЕО: Украина нападна една од најголемите руски рафинерии

(ВИДЕО) Трамп: Украина може да не преживее дури и со американска помош

Катерина Ѓуровски