Гејтс ќе инвестира две милијарди долари за спречување на климатските промени

Од:

Основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс во следните пет години сака да инвестира вкупно две милијарди долари во проекти и старт-ап компании за спречување на климатските промени.

– Неопходни се иновации за да се спречи климатска катастрофа, рече Гејтс во коментари објавени во денешното издание на германскиот деловен дневен весник „Ханделсблат“.

– Тоа не е невозможно, но би било многу тешко, додаде тој.

Гејтс, исто така, повика на петкратно зголемување на владините инвестиции во истражување на чиста енергија и други иновации во областа на климата на светско ниво во следната деценија.

Претприемачот и филантроп проценува дека ќе бидат потребни истражувања вредни најмалку 110 милијарди долари годишно.

Во својата нова книга „Како да се избегне климатска катастрофа“, Гејтс повика емисиите на јаглерод диоксид (СО2) целосно да се елиминираат до 2050 година во обид да се избегнат огромни еколошки и економски штети.

Гејтс вели дека човештвото треба да ја промени физичката економија со темпо кое досега не е видено. Тој исто така верува дека даноците за СО2, трговијата со сертификати и алтернативните енергии како што се сончевата и ветерот се задолжителни.

Би можело да ве интересира

Европскиот парламент бара сите земји да придонесат во финансирањето на климатските акции

(ВИДЕО) Климите од Арсовска ги нема: Граѓаните на плус 40 се возат со отворени врати

A1on

Еуметсат лансира нов европски метеоролошки сателит

Ана Ололовска

Тимерманс: Без одлука наместо лоша одлука на КОП27

Ана Ололовска

Светските музеи изразија загриженост по нападите на климатските активисти

Ана Ололовска

Климатолозите тврдат дека летниот мраз на Арктикот ќе исчезне до 2050 година

Ана Ололовска