„Гаспром“ засега ќе го користи „Северен тек 2“ за снабдување со руски гас

Од:

Рускиот енергетски гигант Гаспром сака засега да користи делови од руско-германскиот гасовод Северен тек 2, кој е ставен во мирување, за снабдување на сопственото население.

Со оглед на тоа што гасоводот во Балтичкото Море во моментов не се користи, Гаспром одлучи да ги „искористи вишокот руски транспортни капацитети на копно за развој на снабдувањето со гас во регионите во северозападниот дел на Русија“, соопшти компанијата, пренесе ДПА.

Пораката, објавена на профилот на Телеграм на компанијата, содржи и предупредување до Берлин: „Доколку Германија сепак одлучи да го пушти во употреба Северен тек 2, најмногу првиот дел од подводната рута би можел да биде поврзан во блиска иднина. Вториот крак сега нема да се користи пред 2028 година“.

Гасоводот Северен тек 2 има два крака, секој со транспортен капацитет од 27,5 милијарди кубни метри гас годишно.

По руската инвазија врз Украина, Берлин целосно го запре процесот на сертификација, кој претходно беше суспендиран. Во новата енергетска стратегија се планира значително да се намали зависноста на Германија од рускиот гас.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија