Гардијан се повлекува од X мрежата на Маск, вели дека станала „токсична“

Од:

Британскиот весник „Гардијан“ денеска објави дека повеќе нема да објавува свои написи и други прилози на платформата Икс (Твитер), која е во сопственост на најбогатиот човек во светот, Илон Маск.

„Ова е нешто за што размислуваме веќе некое време, со оглед на често вознемирувачката содржина промовирана или пронајдена на платформата X, вклучувајќи ги и екстремно десничарските теории на заговор и расизмот“, вели Гардијан.

Според нив, кампањата за претседателските избори во Соединетите Американски Држави покажала дека Х е „токсична медиумска платформа“ и дека нејзиниот сопственик Илон Маск успеал да го искористи своето влијание за да го обликува политичкиот дискурс.

Би можело да ве интересира

X ќе му плати 10 милиони долари на Трамп за суспендирање на неговата сметка на оваа социјална мрежа

Ќе се борам за вас секој ден со секој здив во моето тело, порача Трамп

Тужба против Маск за измами при купувањето на Твитер

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск

Нови проблеми со платформата X