Американската агенција за национална безбедност (НСА) тајно поставува шпион-трансмитери во рутери, сервери и друга компјутерска опема од американско производство пред да биде испратена до клиентите во странство, пишува весникот „Гардијан“.
Тоа му овозможува на електронското разузнавање, додава весникот, да следи цели сегменти на Интертнет.
Овие информации се презентираат во новата книга на поранешиот новинар на „Гардијан“, Глен Гринволд, автор на првите написи за документите доставени од поранешниот соработник на НСА, Едвард Сноуден во врска со американските програми за електронско прислушување.
Според Гринволд НСА ги добива пратките со компјутерска опрема, која треба да биде извезена од САД, а експертите на Агенцијата вметнуваат во апаратите тајни средства за набљудување, повторно ја пакуваат техниката, а потоа ја испраќаат до клиентот во странство.
– На тој начин НСА добива пристап до цели мрежи и до сите корисници, нагласува Гринволд.
Книгата „Нема каде да се криеш: Едвар Сноуден, НСА и полициска држава“ од денеска е пуштена во продажба.