„Гардијан“: Нов максимум на Бугари и Романци во Велика Британија

Од:

Бројот на Романци и Бугари, кои работат во Велика Британија, достигна нов максимум, пишува весникот „Гардијан“ повикувајќи се на официјални статистички податоци.

Кон крајот на септември во Велика Британија работеле 189.000 лица, родени во Романија и Бугарија. Ако од овој број се исклучат лицата што добиле британско или друго државјанство, тогаш нивниот број е 167.000.

Податоците покажуваат дека првпат по една година вкупниот број на работници од земји членки на ЕУ во Велика Британија бележи пад на тримесечно ниво. Кон крајот на септември во земјата работеле 1.817.000 лица, родени во некоја од земјите членки на ЕУ, наспроти 1.847.000 кон крајот на претходното тримесечје.

На годишно ниво се бележи стабилен раст на работници од ЕУ, така што се повеќе луѓе бараат излез од економските проблеми со кои се соочуваат Шпанија, Италија и Грција.

Бројот на работници во Велика Британија од осумте поранешни комунистички земји од Источна Европа, кои влегоа во ЕУ во 2004 година, е благо намален од 866.000 на 850.000 во периодот од крајот на јуни до крајот на септември.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он