„Гардијан“: Либија соочена со голема исламистичка закана

Од:

По нападите врз француската Амбасада во Триполи од минатата недела дипломати предупредуваат дека се засилува исламистичкото насилство врз западни цели во Либија, и според нив тоа е последица на војната во Мали, објави Гардијан.

Се смета дека бомбашкиот напад врз француската Амбасада е одмазда од либиски борци за одлуката на Париз да ја прошири воената мисија врз џихадисти во Мали, коментира весникот.

Според Гардијан, џихадистички групи прогонети од Тимбуктусе преместиле на север кон Либија придонесувајќи за засилување на исламскиот екстремизам.

Триполи се обидува да се справи со екстремистите, но напорите не се ефикасни бидејќи многумина Либијци немаат доверба во владините сили за безбедност кои во голем дел биле на служба во времето на Гадафи.

Гардијан посочува дека засилениот исламизам во Северна Африка предизвикал формирање џихадистички организации кои создаваат нетрајни сојузи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски