Американката Ешли Тејлор Рајт крадела облека во продавница а кога полицаецот и се доближил го употребила своето бебе како штит.
Ешли украла облека во вредност од околу 260 долари. Кога продавачот забележал ја алармирал полицијата.
Полицаецот побарал од неа да излезе од автомобилот на паркингот. Во автомобилот имало уште две деца на возраст од 2 и 4 години.
Ешли не излегувала, а потоа ја зела носилката со три месечното бебе и му рекла на полицаецот дека прво ќе мора да пука во бебето!
Излегла од автомобилот и со бебето в рацепочнала да трча. Во еден момент се всртела кон полицаецот и го фрлила бебето кон него!
Засреќа тоа не е повредено. Таа при бегањето паднала и ја повредила главата.