Г-7: Русија ќе се соочи со нови санкции, аке не биде целосно спроведен договорот со Киев

Од:

Лидерите на Групата седум најразвиени економии во светот (Г-7) и се заканија на Русија со нови санкции, доколку не бидат запрени сите вооружени судири и доколку не го исполни ветувањето дека ќе стои на страна од Украина.

Во заедничко соопштение лидерите на Г-7 наведуваат дека Москва може да очекува олеснување на санкциите од ЕУ, САД и Канада кога сите услови од примирјето постигнато со Киев ќе бидат исполнети.

Групата, иако го поздравува договорениот прекин на огнот од 5 септември и планот во девет точки договорен во Миснк, ја предупреди Москва дека во случај планот да не биде спроведен во целост, може да следат нови санкции.

Русија мора да ги повлече своите војници и воена опрема, да ја почитува границата и да гарантира дека сите заробеници во рацете не проруските сили во Источна Украина ќе бидат ослободени, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Земјите од Г7 размислуваат како да и помогнат на Украина со замрзнатите руски средства

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски