ФТ: Џихадисти масовно планираат напуштање на ИД

Од:

Припадници на Исламска држава се полошо стојат на фронтови во Ирак, а имаат големи проблеми и во Сирија. Тие порази влијаеле на моралот меѓу џихадистите кои масовно почнуваат да планираат да ги напуштат редовите на таа група, објави Фајненшал тајмс.

Потврдено е дека во Рака, град во Сирија што се смета за официјално седиште на ИД, убиени се 100 луѓе. Иако делуваше дека се е идеално додека исламистите беа во фокусот, сега кога состојбата на теренот почна да се менува пред се поради формирањето на меѓународната коалиција која почна со воздушни напади врз ИД, така и интересот на странците за борба почна да се намалува.

Исламска држава минатата недела претрпе тежок пораз кога курдските сили успеаја да ја разбијат нивната блокада на планината Синџар и така успеаја да дојдат до илјадници  Јазиди кои со месеци беа опколени.

Подоцна, кога курдските сили добија потребна воена помош и опрема како и советници од САД и Велика Британија, припадниците на ИД се протерани од пред градот Ирбил, а потоа и заземена и браната кај Мосул.

Ирачките сили подоцна успеаја потпомогнати од ирански сили да ги исфрлат исламистите од десетина градови и села во близина на Багдад.

Моментно траат борбите за јазидскиот град Синџар, а според курдски извори, се очекува од него да бидат протерани исламистите. Во Сирија ИД никако не успеа да го освои Кобане, а нема ниту поголем успех околу градот Алепо.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Околу 7.000 деца чии родители се осомничени џихадисти се заробени во кампови во Сирија

А1он

Двајца џихадистички лидери загинаа во амерканска акција во Сирија

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Ана Ололовска

Исламска држава: Нашиот лидер е мртов

Ана Ололовска